Индексот на трошоците на живот во мај годинава бележи зголемување од 4,8 отсто во однос на истиот месец претходната година.

Индексот на цените на мало, пак, е зголемен за 5,6 отсто, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај, во однос на април годинава, изнесува 0,6 отсто на месечно ниво.

На годишно ниво најголемо зголемување има во секторот транспорт, кој е повисок за 11 отсто. По него се алкохолните пијалаци и тутунот, кои се поскапи за 9,3 отсто.

Зголемување има и во рекреација, спорт и култура (0,9 %), информации и комуникации (0,7 %) и ресторани и услуги за сместување (0,5 %). Помалку расте здравствената заштита и трошоците за домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, со само 0,1 %.

Намалување на трошоците е забележано кај лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги (-0,4 %), како и кај покуќнина и опрема за домаќинствата (-0,1 %). Трошоците за услуги за образование, осигурување и финансиски услуги, како и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици остануваат непроменети. Цените на мало во мај, во однос на април, се зголемени за 0,8 %, што покажува дека купувачката моќ на граѓаните полека се намалува.(function(){function e(){window.addEventListener(`message`,function(e){if(e.data[`datawrapper-height`]!==void 0){var t=document.querySelectorAll(`iframe`);for(var n in e.data[`datawrapper-height`])for(var r=0,i;i=t[r];r++)if(i.contentWindow===e.source){var a=e.data[`datawrapper-height`][n]+`px`;i.style.height=a}}})}e()})();