Јавната расправа за издавањето на новата А-интегрирана еколошка дозвола за Усје ќе се одржи во петок, на 3 Јули, во екот на летните одмори, посочуваат од граѓанската иницијатива Стоп за Усје. Тие апелираат до граѓаните и стручната јавност да се појават во што поголем број и да дадат забелешки бидејќи тоа е единстваниот начин за да се утврдат условите под кои капацитетот ќе треба да работи во следните години. Граѓанските активисти посочуваат дека присуството јавноста е важно заради објективно и транспарентно информирање на јавноста и пренесување на аргументите и ставовите на сите засегнати страни
„Јавната расправа, што ќе се одржи во во хотел Александар Палас во 14 часот претставува единствена можност институциите, компанијата, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните јавно да ги изнесат своите аргументи и забелешки за условите под кои цементарницата ќе може да работи во наредните 7 години. Станува збор за процес што директно влијае врз идните обврски на компанијата во однос на контролата на загадувањето, мониторингот и заштитата на животната средина,“ велат од Стоп за Усје.







