Ноќеска на полноќ, во западниот дел од земјава е почувствуван земјотрес. Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на 10 километри северозападно од Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.0.

Потресот го почувствувале жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.