Албанскиот коалиционен партнер во Владата, Вреди на вечерашната седница на Претседателството донесе одлука нови министри во реконструираната Влада на Христијан Мицкоски да бидат универзитетскиот професор Џетон Шасивари, како министер за правда, Агон Ферати како министер за односи меѓу заедниците е предложен и Седат Сулејмани за министер за култура и туризам.
„Вреди решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето. Со овој тим, повторно се потврдува посветеноста на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните“, велат од партијата.
Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции и Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.







