Многумина имаат мислење дека куглофот е тежок за подготовка, но ако следите неколку едноставни чекори, брзо ќе го добиете овој фин десерт.
Потребно е:
3 јајца
100 г шеќер
200 г брашно
150 мл млеко
1 прашок за пециво
100 мл масло
50 г сечкани ореви
100 г суво грозје
2 кесички ванилин шеќери
кора од лимон
2 мока капучино
1 рамна лажица какао
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги просеаното брашно и прашокот за пециво. Додадете масло, суво грозје натопено во вода, кора од лимон и 2 ванилин шеќери. Се’ изедначете да добиете хомогена смеса.
Можете исто така да одвоите 1/3 од тестото и да го додадете капучиното измешано со 2 лажици топла вода. Додадете сечкани ореви во него и изедначете. Подмачкајте го куглофот со масло и посипете со брашно и прво прелијте го светлиот дел.
Лесно просејте 1 лажица какао. Прелијте со делот со капучино. Протресете малку и печете на 190 степени Целзиусови 50 минути. Исечете го ладно и наросете го со шеќер во прав по желба.
Фото: Принтскрин/YouTube








