Научните истражувања конечно дошле до заклучок од кој родител ја наследуваме интелигенцијата, но важно е да се знае дека таа не зависи само од генетиката.
Според научните истражувања, интелигенцијата во голема мера ја наследуваат децата од нивните мајки, но не е под влијание само на гените. Емоционалната врска со мајката, како и нејзината љубов, играат клучна улога во развојот на мозокот.
Гените за интелигенција се наоѓаат на X хромозомот
Жените имаат два X хромозоми (XX), додека мажите имаат еден X и еден Y хромозом (XY). Како што објави YourTango, истражувањето на Универзитетот во Пекинг покажа дека гените одговорни за интелигенцијата се наоѓаат токму на X хромозомите. Бидејќи жените имаат два такви хромозоми, децата имаат поголема веројатност да наследат интелигенција од мајчината страна.
Истото истражување сугерира дека гените од Y хромозомот на таткото повеќе придонесуваат за физичките карактеристики на детето. Иако овие експерименти биле спроведени на глувци, научниците пронашле и можна врска со луѓето. Имено, тие идентификувале клетки во шест делови од мозокот кои контролираат различни когнитивни функции, од навики во исхраната до меморијата, и кои содржеа само гени на мајката или таткото.
Според „Psychology Spot“, глувците со дополнителна доза на гените на мајката развиле поголеми глави и мозоци, но имале помали тела. Спротивно на тоа, оние со дополнителна доза на гените на таткото имале помали мозоци и поголеми тела.
Важноста на мајчината љубов и поврзаност
Генетиката не е единствениот фактор што влијае на интелигенцијата на детето. Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон откриле дека безбедната емоционална врска и мајчината љубов се клучни за развојот на одредени делови од мозокот.
Како дел од седумгодишна студија, тие го анализирале начинот на кој мајките се однесуваат кон своите деца.
Резултатите покажале дека децата кои добивале емоционална поддршка и чии интелектуални и емоционални потреби биле задоволени до 13-годишна возраст имале хипокампус за 10 проценти поголем од децата чии мајки биле емоционално оддалечени. Хипокампусот е дел од мозокот поврзан со меморијата, учењето и реакцијата на стрес.
Фото:Pixabay
The post ОД КОЈ РОДИТЕЛ СЕ НАСЛЕДУВА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА? Научниците дошле до официјален одговор appeared first on ekran.mk.








