Полека но сигруно во Македонија летото и летните температури на воздухот ни започнуваат, и тоа по долг период на нестабилно и ладно време со потпросечни температури на воздухот и со чести врнежи и грмежи како и со појава на планински снег кој го имавме до скоро време во Македонија , регионот и ширум Европскиот Континент.

Инаку деновиве во најголем дел од Европа владее многу топол бран од Африка кој условува многу високи и натпросечни температури на воздухот кои надминуваат 30 степени а во делови од Европа веќе се мерат и 35 степени, а во југозападна Европа, односно во Шпанија изминатите денови беше многу потопло каде температурите локално се искачија дури и до 39 степени, температури кои се типични за месец јули а не за месец мај.

Топлиот бран во најголем дел од Европа ќе се задржи и во следните неколку денови и ќе условува многу високи летни и натпросечни температури на воздухот.
Извор: Метеоаларм

The post МНОГУ ТОПОЛ БРАН ВО ЕВРОПА: Што ја чека Македонија во следните 10 дена? appeared first on ekran.mk.