Освен што е звучно, има и прекрасно значење.
Станува збор за името Вид, кое е сè попопуларно на нашите простори.
Вид е машко име со латинско потекло изведено од зборот vita, што се преведува како живот. Според друго толкување, ова кратко име всушност е дериват на старогерманскиот збор vidu, што значи дрво или шума, но и од старогерманскиот збор vitus, што значи спремен. Ова име станало особено популарно во раниот среден век, поради Свети Вид.
Меѓутоа, постои верување дека името Вид потекнува од таканареченото „Светивид“ божество кое имало четири глави. Според митовите што се раскажуваат, Световид бил поврзан со војни и магии, бидејќи со „своите четири глави можел да ги види сите четири страни на светот одеднаш“.
Значењето на името Вид е разновидно, а најчесто го означува оној „кој сè гледа и сè може“; „кој е чудотворен“; „кој се бори за своите убедувања“; „кој е скапоцен како видот на окото“; „кој е виден“; „кој е пророк и гледа напред и знае што да прави“.
Фото: Архива








