Крцкавата основа од бисквити, нежниот крем со мирис на лимон и сечканите ореви одозгора го прават овој десерт неодолив и совршен за секоја пригода.
За основата:
400 г интегрални бисквити
200 г растопен путер
За кремот:
600 мл млеко
70 г нишесте или брашно
4 жолчки
150 г шеќер
рендана кора од 2 лимони
За декорација:
50 г ситно сечкани ореви
Подготовка:
Смачкајте го или издробете ги бисквитите ситно, а потоа измешајте ги со млакиот растопен путер.
Распоредете ја половината од смесата во калап со дијаметар од 24 см обложен со хартија за печење. Добро притиснете со лажица за да добиете компактна основа, а потоа ставете го во фрижидер 30 минути.
Истурете го млекото во соодветен сад и додадете ја кората од лимон. Загрејте додека не зоврие.
Изматете ги жолчките со шеќерот во посебен сад, додадете нишесте или брашно и добро измешајте за да нема грутки.
Извадете ја кората од лимон од млекото, потоа додадете ја подготвената смеса мешајќи постојано. Варете на умерена температура додека кремот не се згусне. Оставете го кремот целосно да се олади. Нанесете го изладениот крем врз основата од бисквити. Намачкајте ја преостанатата половина од смесата од бисквити и путер врз кремот. Посипете ја површината на тортата со ситно сечкани ореви. Оставете го тортата во фрижидер најмалку четири часа за добро да се стегне. Исечете на парчиња и послужете добро изладена.
Пријатно!
Фото: Принтскрин/novosti
The post (Рецепт) ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Кремаст десерт со лимон кој освојува со првиот залак appeared first on ekran.mk.








