Воздушестата кора, лесниот крем и богатата чоколадна глазура го прават овој ролат идеален избор за секоја пригода – од семеен десерт до празнична трпеза.
Состојки:
За кората:
6 јајца
8 лажици шеќер
6 лажици топла вода
4 лажици брашно
1 прашок за пециво
2 лажици какао во прав
За филот:
250 мл слатка павлака
50 г шеќер во прав
100 г крем сирење
За глазурата:
100 г чоколадо
1 дл слатка павлака
Подготовка:
Матете ги белките додека не се цврсти, постепено додавајќи го шеќерот. Кога ќе добиете густа и сјајна смеса, додадете ги жолчките и полека додадете ја топлата вода, мешајќи нежно. Исклучете го миксерот, а потоа внимателно измешајте го просеаното брашно, какаото и прашокот за пециво со шпатула. Мешајте со лесни движења за смесата да остане воздушеста. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете околу 20 минути во рерна загреана на 180 °C. Веднаш замотајте го печениот бисквит заедно со хартијата во ролат и оставете го да се олади.
За филот изматете ја слатката павлака со крем сирењето и шеќерот во прав. Одвиткајте го тестото и намачкајте со филот а потоа внимателно завиткајте ролат. По површината нанесете ја глазурата – загрејте ја слатката павлака додека не зоврие, па прелијте ја врз скршеното чоколадо. Мешајте додека не добиете мазна глазура, па прелијте ја врз ролат.
Уживајте!
Фото: novosti
The post (Рецепт) КИНДЕР РОЛАТ: Мек, сочен и неодоливо кремаст appeared first on ekran.mk.








