Овие домашни чипсови освојуваат со првиот залак, па затоа се идеални за сите видови собири и забави. Сервирајте ги со сос по ваш избор.
Состојки:
450 грама компири
220 тиквички
40 г остро брашно
1 литар растително масло
60 згмечена горгонзола
3 парчиња крцкава сланина, издробена
15 г свеж магдонос
Груба морска сол
Подготовка:
Измијте ги и излупете ги компирите и изрендајте ги на тенки прстени. Веднаш префрлете ги прстените од компири во сад со ладна вода и оставете ги настрана.
Изрендајте ги тиквичките на подеднакво дебели прстени. Измешајте со брашно и оставете ги настрана.
Процедете ги компирите и исушете ги темелно помеѓу слоеви хартиени крпи. Овој чекор е многу важен – ако компирите случајно се навлажнат, маслото ќе ви се распрска, што може да биде многу незгодно.
Загрејте го маслото на 175 степени во длабок сад со подебело дно, по можност дебело. Тука би ви бил корисен кујнски термометар за проверка на температурата. Пржете ги компирите 4 до 5 минути, во мали порции, додека не станат крцкави и златно-кафеави. Извадете ги компирите со цедалка за помфрит и ставете ги на плех обложен со хартиени крпи за да се впие вишокот маснотии. Веднаш посипете со еден до две прстофати сол. Не ви треба повеќе сол бидејќи и сирењето и сланината се малку посолени. Загрејте го маслото повторно и повторете го процесот додека не ги испржите сите компири.
Повторете го процесот со тиквичките, но внимателно ставете ги, една по една, за да не ви се залепат. Исто така, внимавајте да не ги препечете бидејќи кога ќе потемнат, стануваат горчливи. Можете да ги пржете 3 до 4 минути.
Загрејте ја рерната на 175 степени. Кога чипсот ќе се олади, префрлете го во голем плех за печење, наросете го со издробено сирење и печете го додека сирењето не се стопи, околу 5 минути. Извадете го од рерна и наросете го со издробена сланина и сечкан магдонос. Сервирајте веднаш.
Фото: recepti
The post (Рецепт) Чипс од компири и тиквички со сланина и горгонзола appeared first on ekran.mk.








