Со емотивна објава на социјалните мрежи, еден корисник сподели лична приказна за пријателството, благодарноста и реалните приоритети во животот.

Тој откри дека видеото со автомобилот го направил од желба да им возврати на долгогодишните пријатели, нагласувајќи дека станува збор за личен гест, а не за платена реклама.

„Дечките од Цилаз ми се децениски другари и ми помагаат, па и јас еднаш да возвратам. Рекламава ниту ми е платена, ниту побарана, сам ми беше мерак да ја направам. Ете, сакав да бидам како некоја инфлуенсерка во убава кола“, напиша тој со доза хумор.

Но зад шегата стои многу посериозна порака. Тој искрено сподели дека неговата секојдневна борба е поинаква и дека приоритетите му се насочени кон здравјето и иднината.

„Јас немам вода во очи, а не па пари за кола. Собирам пари за лекови, зафати, а со време и гробно место, барем да им олеснам на моите за случај на мое заминување“, напиша тој.

Тој додава дека и покрај тешкиот период низ кој минува, останува благодарен и позитивен.

„Тоа се моите практични приоритети. Среќен сум, благодарен сум, не се жалам и не ми замерувајте, нема ништо лошо во ова.“

Со својата порака посочи дека борбата со болестите бара не само сила, туку и прифаќање на реалноста, обезбедување средства за терапија и поддршка од луѓето околу себе.

„Борбата со болест бара смирение и средства да се обезбедат лекарства и да се платат зафатите што ме очекуваат во иднина во овој тежок период. Фала ви што заедно ми дозволивте да мечтаам барем“, порача тој.

Објавата предизвика бројни реакции, најмногу поради искреноста и пораката дека понекогаш и најмалите желби можат да значат многу.

The post Собирам пари за лекови, зафати, а со време и гробно место – потресна порака на Јанко Јади Бурек appeared first on ekran.mk.