Старо женско име повторно е популарно
Ова име беше заборавено извесно време, а сега се врати на голема врата. Станува збор за името Наталија.

Името Наталија повторно е многу популарно последниве години, и кај нас и во земјите од регионот. Потекнува од латинскиот јазик, од името „Natalia“ или „Natalis“, или од зборот „natalis“, што значи „ден на раѓање на Исус Христос“ или „Божик“; како и „ден на радост“; „прослава“; „ден на среќа“; „среќен ден“.

Значењето на името Наталија
Ова име претходно им се давало на девојчиња кои се родени на Божик, но во современиот свет таков обичај повеќе не се практикува, а името Наталија има и некои други значења – „таа што се родила радосна“; „жена што носи среќа и прослави“; „среќна и родена под среќна ѕвезда“; „онаа што е дар од Бога“; „Божја ќерка“; „безгрешна“; „милосрдна“.

Прекари и изведени имиња
Прекари што обично можат да се слушнат за девојчиња по име Наталија се: Ната; Нети; Нати; Наталишка; Наталина; Нија или Натали, додека изведените имиња се: Наташа; Наталија; Наталина; Ната; Нати; Натја; Натка; Наташија; Наташа; Надија; Наѓа.

Фото: Архива