Под влијание на плиток циклонски систем со центар над североисточна Европа, денес (понеделник 12 мај) од пладневните часови па натаму во Македонија повторно ќе дојде до дестабилизирање на Атмосферата и развој на грмотевични облаци на повеќе места. Овие грмотевични облаци ќе условат локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално пак, атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме со побилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

И во делови од Скопскиот регион за време на овој период ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Локална појава на грмотевични облаци со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и утре (вторник 13 мај).

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/