Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе го обожаваат, пробајте ја комбинацијата од пржено сирење, печен медитерански зеленчук и домашен цацики сос. Златен и крцкав однадвор, а мек и растеглив одвнатре — овој рецепт е вистинско задоволство за љубителите на сирење.
Состојки:
За пржено кашкавал:

300 г кашкавал исечен на стапчиња
2 лажици пченкарно брашно
3 лажици презла
2 јајца
1 лажичка чадена пиперка
малку лук во прав
бибер
масло за пржење
малку лут мед за прелив
За медитерански зеленчук:
тиквички
бибер
црн кромид
модар патлиџан
маслиново масло
сол, бибер и оригано
За сосот цацики:
1 чаша грчки јогурт
1 мала краставица
1 чешне лук
малку сол
една лажичка маслиново масло
Подготовка:
Исечете го зеленчукот, зачинете го и печете го во рерна додека не омекне и лесно не порумени.
Валкајте го сирењето во пченкарно брашно, потоа во изматени јајца, па во презла измешана со зачини. Пржете кратко во врело масло додека не добие златна и крцкава кора.

За цацики, измешајте грчки јогурт, ситно рендана краставица, лук и маслиново масло.

Сервирајте го прженото сирење со печен зеленчук и освежителен сос, а за посебен вкус додадете малку топол мед врз сирењето.
Пријатно!

Фото: Принтскрин/novosti

The post (Рецепт) КРЦКАВО ПРЖЕН КАЧКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК: Совршен ручек кој комбинира крцкаво, кремасто и освежително appeared first on ekran.mk.