Еве рецепт за сува баклава што ќе ве освои со својата крцкава текстура и богат вкус. Идеална е со кафе, чај или како слатка закуска за празнични пригоди.
Состојки:
1 пакување тенки кори за баклава
1 чаша таан
1 чаша шеќер
1 мала чаша масло
1 чаша мелени или ситно сечкани лешници (или ореви, по желба)
шеќер во прав за наросување
Подготовка:
Отворете една кора за баклава и премачкајте ја со таан и масло, а потоа рамномерно наросете со шеќер. За полесно работење, можете претходно да ги измешате таанот и маслото и да ја ставите смесата во кеса за шприц или шише со тесен отвор. По желба, наросете со лешници или ореви, а потоа ставете друга кора одозгора и повторете го процесот – премачкајте, наросете со шеќер и додадете лешници. После тоа, цврсто завиткајте сè во ролат, исечете на посакуваните парчиња и наредете во плех за печење или огноотпорен сад. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека баклавата не добие убава златна боја и не стане крцкава.

Кога ќе се олади, наросете ја со шеќер во прав и послужете.

Пријатно!

Фото: recepti

The post (Рецепт) КРЦКАВА СУВА БАКЛАВА СО ЛЕШНИЦИ: Посластица што освојува од првиот залак appeared first on ekran.mk.