Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради санација на два затворачи со профил Ф-400 и Ф-500 милиметри, доколку се исполнат техничките услови, дел од Општина Карпош ќе остане без вода.

Прекинот во водоснабдувањето е најавен за денес, 26 јуни, со почеток од 18:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Без вода ќе останат корисниците од улицата „Никола Парапунов“, како и дел од жителите на улиците „Разловечко Востание“ и „Вич“.

Од претпријатието посочуваат дека нормализирање на водоснабдувањето се очекува околу 12:00 часот на 27 јуни (сабота).

Доколку не бидат исполнети неопходните технички предуслови, интервенцијата ќе биде одложена за нареден термин.