Комбинацијата од туна, свеж зеленчук и кремасто авокадо обезбедува богат вкус и долготрајно чувство на ситост, додека крцкавите коцки препечен леб даваат посебен шмек на секој залак.
Состојки:
1 краставица
1 авокадо
1 конзерва туна
5–6 ротквици
неколку парчиња препечен леб
За дресингот:
2 лажици посен мајонез
1 лажичка сенф
1 лажица сок од лимон
сол и бибер по вкус
други зачини по желба
Подготовка:
Исечкајте ги краставицата, авокадото и ротквиците на парчиња со посакувана големина и ставете ги во голем сад. Додадете ја исцедената туна.
Во посебен сад измешајте мајонез, сенф, сок од лимон, сол, бибер и зачини по желба. Прелијте го дресингот врз салатата и нежно измешајте за да се соединат сите состојки. На крајот, додадете коцки препечен леб, што ќе ѝ даде на салатата пријатна крцкавост. Сервирајте веднаш и уживајте во едноставен, освежителен и заситувачки оброк.

Пријатно!

Извор и фото: Принтскрин/novosti

The post (Рецепт) ПОСНА ОБРОК САЛАТА: Идеален избор за секој дел од денот appeared first on ekran.mk.