Кардиолозите се согласиле за едно, а тоа е дека одењето многу помага за здравјето на срцето.
Навиките често е тешко да се променат, особено кога живееме брзо, но кардиолозите истакнуваат дека дури и малите дневни рутини можат да имаат значително влијание врз здравјето на срцето.
- Многу е важно да ги разбереме нашите дневни рутини и навики бидејќи тие влијаат на исхраната, физичката активност и менталното здравје – вели кардиологот д-р Шрихари С. Наиду за Parade.
Тој додава дека „навиките ја создаваат средината во која живееме и токму во оваа средина мора да го одржуваме здравјето на срцето“.
Проблемот е што најчесто се фокусираме на утрото и вечерта, додека голем дел од денот, особено на работа, го поминуваме седејќи и под стрес. Токму затоа кардиолозите нагласуваат една клучна навика: попладневната прошетка.
Редовното одење во текот на денот може да има големо влијание врз здравјето на срцето.
- Одењето може да го подобри протокот на крв во мозокот, да го подобри здравјето на крвните садови и да го намали менталниот стрес што се акумулира во текот на денот – истакнува кардиологот д-р Брејди Сервер.
Како што објаснува кардиологот д-р Ларс Сондергард, „седењето подолг временски период ја забавува циркулацијата, што може да доведе до натрупување на плаки во артериите и зголемен крвен притисок“, па дури и кратката прошетка може да помогне во ублажување на тие ефекти.
Одењето помага и за менталното здравје
Една од најголемите придобивки од оваа навика е подобрата регулација на шеќерот во крвта.
- По ручекот, телото ја разградува храната во гликоза, што го зголемува нивото на шеќер во крвта. Кога се движиме, мускулите ја користат таа гликоза за енергија, што спречува ненадејни скокови на шеќерот во крвта – објаснува д-р Сондергард.
Дополнително, одењето го прекинува продолженото седење:
- Дури и кратката прошетка поттикнува подобра циркулација, ги активира мускулите и ги намалува негативните ефекти од седечкиот начин на живот – додава тој. Ова ја зачувува еластичноста на крвните садови и го намалува оптоварувањето на срцето.
Покрај физичките придобивки, одењето помага и за менталното здравје.
- Прошетката попладне природно го намалува стресот – вели д-р Сондергард, објаснувајќи дека стресот го стимулира лачењето на хормони кои го зголемуваат крвниот притисок и срцевиот ритам. Тој додава дека „одењето го активира одговорот на релаксација, го намалува нивото на хормоните на стрес и го штити срцето на долг рок“.
Фото: Pixabay
The post НАВИКА КОЈА ГО ШТИТИ СРЦЕТО: Кардиолозите се согласуваат дека е важно на дневна основа appeared first on ekran.mk.








