Совршена е за прослави, дружења и празнични оброци, а најдобро се служи ладна и наросена со шеќер во прав.
Состојки:
500 г кора за пита
За првиот фил:
3 големи јајца
3 лажици шеќер
200 мл масло
половина чаша пченичен гриз
200 мл јогурт
1 кесичка прашок за пециво
За вториот фил:
1 литар млеко
9 лажици шеќер
3 кесички чоколаден пудинг
Подготовка:
Прво подгответе го вториот фил. Истурете млеко во тенџере, додадете шеќер и оставете го да се загрее. Одделно измешајте го прашокот за пудинг во мала количина млеко. Кога млекото ќе зоврие, сварете го пудингот и оставете го малку да се олади, мешајќи повремено за да не се формира кора,или покријте со прозирна фолија.
За првиот фил, изматете ги белките со шеќерот, потоа додадете ги жолчките, маслото, гризот, прашокот за пециво и јогуртот. Добро соединете сè.
Загрејте ја рерната на 180 степени со вентилатор.
Поделете ги корите на четири дела за да добиете четири штрудли. Ставете неколку лажици од првиот фил врз првите три кори, додека на четвртата кора распоредете од топлиот пудинг по работ, а потоа внимателно замотајте го.
Наредете ги штрудлите во плех обложен со хартија за печење. Повторете го процесот со преостанатите кори. Пред печење, премачкајте ги со остатокот од филот или со малку масло ако филот е потрошен. Печете околу 30 минути на 180 степени, додека убаво не поруменат.

Добро изладете ги испечените штрудли. После тоа, исечете го и наросете со шеќер во прав.

Пријатно!

Фото: novosti

The post (Рецепт) ЧОКО КРЕМ ШТРУДЛА: Кремаст десерт за секое дружење appeared first on ekran.mk.