Денешното утро Петок 8 Мај 2026 во Македонија ни донесе релативно високи минимални темпратури на воздухот и облачно време во најголем дел од Македонија.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.

Инаку денешниот ден Петок 8 Мај 2026 ќе ни донесе пообилни врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а ќе има услови и за појава на невреме проследено со силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Локално ќе наврнат над 15 литри на метар квадратен дожд. Тоа значи дека денес ќе бидеме под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од Медитеранот.

И во Скопје и околината денес Петок 8 Мај 2026 времето ќе биде врнежливо а во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Температурите денес ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени а во Скопје и околината максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.

Метео прогноза на Славчо Попоски

The post Облачно утро во Македонија, во текот на денот обилни врнежи и невреме appeared first on ekran.mk.