По оставкта на обвинителката Ленче Ристоска поради политички притисоци, новиот државен јавен обвинител изрази жалење преку писмена изјава на сајтот на обвинителството во која посочува дека тоа што Ристоска била отстранета од двата случаи против ВМРО-ДПМНЕ не било ништо лично.

„Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска“, вели Савески.

Според него, тоа била одлука „од организациска природа“ за да се зголеми ефикасноста.

Без поголемо објаснување, тој ги повика јавните обвинители да не дозволеле „ништо да влијае врз нашиот професионален интегритет и секојдневна работа“. Дополнително, покрај до обвинителите, Савески упати повик „и до сите општествено влијателни субјекти да создадат атмосфера во која угледот на обвинителството нема да се загрози“.

Ја користам оваа прилика да ги повикам сите јавни обвинители заедно и секој поединечно, да не дозволиме ништо да влијае врз нашиот професионален интегритет и секојдневна работа. Воедно, упатувам повик и до сите општествено влијателни субјекти да создадат атмосфера во која угледот на обвинителството нема да се загрози, бидејќи тоа е во интерес не само на јавното обвинителство, туку и на сите граѓани кои што ги остваруваат своите индивидуални права и слободи меѓу останатото и преку работата на оваа институција.

Како што вели Савески во изјавата, Ристеска го известила за оставката преку СМС порака, а причините за остаквата, наводно, ги дознал од медиумите.

Савески очекувал Ристоска „со своето повеќегодишно драгоцено искуство“ да даде придонес кон зајакнување на капацитетите на обвинителството, особено како обвинител за врски со Европравда.

Оставката на обвинителката Ленче Ристоска доаѓа откак0 Советот на јавни обвинители ја отфрли претставка за напад врз нејзиниот интегритет и самостојност од страна на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а државниот јавен обвинител донесе одлука за повлекување на овластувањата за застапување во повеќе предмети, меѓу кои Талир 1 и Талир 2 кои се во завршна фаза, а се поврзани со корупција токму во ВМРО-ДПМНЕ.

Ленче Ристоска се повлече од функцијата јавна обвинителка поради политички влијанија