Ова е рецепт за коцки за пилешко кој ќе ви стане омилен!
Заборавете на класичното панирање – месото се сече, маринира и пече во една фантастична смеса која гарантира неверојатна сочност и вкус! Маринадата содржи состојки кои ќе го направат пилешкото совршено меко одвнатре и златно однадвор. Без разлика дали ќе изберете да печете во рерна или да пржите во длабоко масло, ова е најлесниот начин да подготвите ручек кој ќе исчезне од масата истиот момент.
Потребно е:
неколку парчиња пилешко месо
зачин за пилешко
сув зачин
мелен пипер
2 лажици лук во гранули
1 лажица павлака
2 лажици мајонез
2 јајца
2 лажици брашно
Подготовка:
Исечете го месото на мали коцки, додадете зачин за пилешко, сув зачин, пипер, лук, павлака, мајонез, јајца и брашно и измешајте сè.
Можете да го пржите месото во длабоко масло или во калапи за мафини кои ќе ги намастите претходно.
Пријатно!
Фото: Принтскрин/YouTube








