Американскиот актер Џон Траволта ги воодушевил своите следбеници со ретка семејна фотографија што ја објавил на социјалните мрежи.
Имено, тој споделил фотографија на својот Инстаграм профил каде што позира со својата ќерка Ела Блеу (25) и синот Бен (15), што изненадило многумина со оглед на тоа што актерот ретко се појавува јавно со децата.
Покрај фотографијата напишал: „Моите прекрасни бебиња на мојата доцнешна божиќна честитка за 2025 година. Се надевам дека сите сте добро“.
View this post on Instagram
Ела и Бен се деца на Џон Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон, која почина во јули 2020 година на 57-годишна возраст по битка со ракот на дојка. Двојката имаше и син, Џет, кој трагично почина во 2009 година на 16-годишна возраст откако доживеа епилептичен напад.
Траволта често се сеќава на Кели и преку социјалните мрежи. Минатиот октомври, на денот кога таа ќе го прославеше својот 63-ти роденден, тој објави песна што ѝ ја посвети со пораката: „Ја снимив оваа песна за Кели и сакам да ја споделам со сите вас на нејзиниот роденден. Среќен роденден Кели, те сакаме Џон, Ела и Бен.“
View this post on Instagram
За Денот на мајките минатата година, тој сподели стара семејна фотографија со зборовите: „Среќен Ден на мајките, Кели! Одлично се справи!! Те сакаме!“.
Последната објава на Траволта собраа повеќе од 108.000 лајкови, а Ела, како што често прави, оставила три црвени срца во коментарите.
View this post on Instagram
Таткото и ќерката наскоро повторно ќе глумат заедно во акциониот трилер „Црни плими“, во режија на Рени Харлин. Филмот ја следи приказната за Бил Пирс (Траволта), отуѓен татко кој се обидува да ја обнови својата врска со својата ќерка Ребека (Ела) и внукот. Нивното едрење покрај брегот на јужна Шпанија се претвора во борба за нивните животи по нападот на отпаднички орки. Траволта и Ела претходно глумеа заедно во филмовите „Отровната роза“ (2019) и „Стари кучиња“ (2009).
Фото: Принтскрин/Instagram








