Брз и лесен колач на кој постојано ќе се враќате
Потребно е:
1 чаша (200 мл) кисела вода
1/2 чаша масло
1/2 чаша шеќер
50 г суво грозје
1 лажица какао
3 реда стопено чоколадо
1 лажица цимет
1 прашок за пециво или една лажица сода бикарбона
280 г брашно
2 лажици гриз
1 лажица џем по желба
Подготовка:
Истурете вода во сад, додадете ги сите наведени состојки и нежно измешајте сè со жица за матење. Покријте го плехот со хартија за печење и истурете ја смесата.
Печете на 180 степени Целзиусови 50 минути. Одозгора ставете, жечба, чоколадна глазура и се наросте со кокос.
Фото: Принтскрин/YouTube








