Војводата и војвотката од Сасекс се родители на шестгодишниот принц Арчи и четиригодишната принцеза Лилибет
Меган Маркл на Денот на татковците споделила ретки фотографии од принцот Хари со нивните две деца.
Хари и Меган, кои ја прославија својата седма годишнина од бракот во мај, имаат син, принцот Арчи (6), и ќерка, принцезата Лилибет (4).
– Најдобриот. Среќен Ден на татковците на нашето омилено момче – напишала Меган во описот на серија фотографии и видеа.

Во поголемиот дел од клипот, Хари се гледа како се смее и си игра со Арчи и Лилибет, го следи Арчи додека вози велосипед и ги држи децата кога биле бебиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

Војвотката од Сасекс повторно се приклучи на социјалните медиуми претходно оваа година и го користи својот личен Инстаграм профил за да споделува новости за нејзините професионални напори, приватниот свет на нејзиното семејство и пресвртниците во животот на нејзините деца.
Хари неодамна коментираше дека верува оти црвената коса на Арчи и Лилибет потекнува од неговата мајка, принцезата Дајана, објаснувајќи дека гените на Спенсер се „многу, многу силни“.
– Генот на Спенсер е многу, многу силен. Всушност, искрено мислев на почетокот на мојата врска со Меган дека ако ова продолжи долго време и ако имаме деца, нема шанси генот на костенливи да се бори против гените на мојата сопруга, но згрешив!

Фото: Архива