Крцкави однадвор и меки и сочни одвнатре, совршено одат со сирење од растително потекло, ајвар или свежа сезонска салата. Подготовката е едноставна, не бара многу време, а резултатот ќе го воодушеви целото семејство.
Состојки:
една мала тиквичка
100 г брашно од спелта
30 г пченкарно брашно
2 лажички мелен лен
100 мл вода
1 лажичка семе од чиа
1 лажичка сушен магдонос
сол по вкус
бибер по вкус
сув зачин по вкус
масло за пржење
Подготовка:
Излупете ги и изрендајте ги тиквичките, а потоа оставете ги да отстојат десет минути. Потоа добро исцедете ги од вишокот течност.
Потопете го мелениот лен во 50 мл вода и оставете го да набабри околу десет минути.
Во голем сад, измешајте ги исцедените тиквички, натопениот лен, брашното од спелта и пченка, семето од чиа, сувиот магдонос и зачините по вкус. Постепено додадете ги преостанатите 50 мл вода и добро измешајте додека не добиете компактна смеса. Со рацете формирајте плескавици, користејќи околу полна лажица смеса за секое плескавиче.
Загрејте го маслото во тава и пржете ги плескавиците на умерена температура додека не добијат убава златно-кафеава боја од двете страни. Ставете ги пржените плескавици на хартиена крпа за да се впие вишокот маснотии. Сервирајте ги топли со ајвар, свежа салата или вашиот омилен посен намаз.
Пријатно!
Фото: Принтскрин/recepti
The post (Рецепт) ПОСНИ ПЛЕСКАВИЦИ ОД ТИКВИЧКИ: Брз, вкусен и здрав оброк appeared first on ekran.mk.








