Сме слушнале за разни торти но оваа што денес ви ја предлагаме е со месо, а оние што ја направиле велат дека е најдобар деликатес.
Потребно е:
сечкано пилешко
2 јајца
100 г жолто сирење
1 лажица павлака
1 лажичка сув зачин
малку сол
прстофат бибер
1 лажица лук во гранули
2 лажици брашно
Подготовка:
Ситно исечкајте го месото, додадете ги сите зачини, јајцата, сирењето и павлаката и брашното и измешајте сè заедно.
Огноотпорна тава за печење премачкајте со масло и истурете ја смесата, израмнете ја и печете на 200 степени Целзиусови 45 минути.
Баба ја сервирала со варени компири, а вие можете по ваша желба – со варен ориз или само салата.
Пријатно!
Фото: Принтскрин/YouTube








