Мирисот на ореви, чоколадо и топол сируп го враќа времето кога колачите се правеле според проверени домашни рецепти. Топеник е еден од оние старомодни колачи кои брзо се подготвуваат и се паметат по својот богат вкус и мека, сочна кора.
Состојки:
Темен дел:
5 јајца
5 лажици шеќер
2,5 лажици брашно
2,5 лажици гриз
150 г мелени ореви
70 рендано чоколадо
Светол дел:
5 јајца
5 лажици шеќер
2,5 лажици гриз
2,5 лажици брашно
Подготовка:
Матете ги јајцата и шеќерот додека не добиете пенаста смеса. Додадете гриз и брашно, а потоа повторно матете кратко. На крај, со лажица вмешајте ги мелените ореви и ренданото чоколадо. Истурете ја смесата во намастен плех и печете 10 минути на 200 степени.
За тоа време, подгответе го светлиот дел. Изматете јајца и шеќер, додадете гриз и брашно, па добро измешајте сè. Прелијте го полупечениот темен дел и вратете го во рерна да се пече уште 25 минути на 180 степени.
Сируп:
800 мл вода
750 г шеќер
Доведете ги водата и шеќерот до вриење, па варете уште 10 минути. Прелијте го топлиот сируп врз топлиот колач и оставете го потполно да се олади. По желба, наросете со мелени ореви.
Фото: Принтскрин/YouTube
The post (ВИДЕО Рецепт) ТОПЕНИК: Брз и сочен десерт од стари тетратки appeared first on ekran.mk.








