Оваа стара сараевска торта освојува со првиот залак – се прави за кратко време, без печење, а гостите секогаш бараат рецепт!
Кога имате гости или едноставно сакате да го засладите денот со нешто посебно – оваа сараевска торта е хит! Не само што изгледа како да е излезена од врвна слаткарница, туку се прави брзо, без печење и се топи во устата.

Богата, чоколадна, кремаста, но лесна – идеална е за родендени, прослави, празници, но и за оние денови кога сакате да импресионирате без премногу труд. И да – секој ќе посака уште едно парче!
Состојки:
1 пакување кори за розен торта
1,5 л млеко
5 јајца
800 г шеќер
12 лажици брашно
350 г чоколадо за готвење
500 г мелени ореви
4 кесички ванилин шеќер
1 рендана кора од лимон
Состојки за глазурата:
100 г чоколадо за готвење
1/2 чаша млеко
1/2 чаша шеќер
1/2 маргарин
Подготовка:
Белките изматете ги со 800 г шеќер за да се разбие шеќерот, а кога ќе се згусне, додадете ги жолчките и матете уште малку. Во посебен сад измешајте 12 лажици брашно со малку млеко, а остатокот од млекото оставете го да зоврие. Истурете го просеаното брашно во изматените јајца, добро измешајте. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган и измешајте ја смесата од јајца и брашно со жица за матење, добро измешајте и вратете на тивок оган, а потоа варете го густиот крем со постојано мешање.

Додадете 300 г чоколадо за готвење и мешајте додека не се растопи убаво. Оставете целосно да се олади, мешајќи повремено. Во изладениот крем додадете 500 г мелени ореви, 4 ванилин шеќер и ренданата кора од еден лимон. Филувајте ги корите тенко, па наредете ги една врз друга, нежно притискајќи ги една врз друга. Прелијте со глазурата, која треба да се стопи на пареа.

Фото: Принтскрин/YouTube

The post (ВИДЕО Рецепт) СТАРИНСКА САРАЕВСКА ТОРТА ОД ГОТОВИ КОРИ: Чоколадно лудило! appeared first on ekran.mk.