Невообичаена задача што невестата ѝ ја доверила на својата деверуша на денот на нејзината свадба стана вирална на социјалните мрежи.
Во видео на TikTok објавено од 20-годишната студентка од Алабама, Софија Вилс, таа е прикажана како стои во црквата додека младенците се подготвуваат да ја напуштат церемонијата. Додека двојката ја напушта црквата, Вилс го вади мобилниот телефон за да ја заврши задачата што ѝ ја доверила самата невеста.
Заедно со видеото, е напишан текстот: „Кога вашата задача е веднаш да го промените презимето на социјалните мрежи“.
@sophia__wills Ignore that I can’t type on the screen apparently BUT The bride tasked me with the very important task of getting her name changed on insta I was honored #bridesmaids #weddingday #wedding @lexiefreer ♬ In My Room – Julia Wolf
Видеото брзо стана вирално, со повеќе од 548.000 лајкови и предизвика бројни дискусии меѓу корисниците на TikTok.
„За жал, нема да можам да го направам ова“, „Ова е толку тажно“, никогаш не ја разбрав целата работа со промената на презимето“, „Никогаш не го менувам мојот прекар на Инстаграм“, „Ве молам не го правете ова, веќе не знам кои се овие жени“, коментирале.
Сепак, некои корисници ја поддржале оваа постапка.
„Не е официјално додека не се промени на социјалните мрежи“, „Го променив презимето штом ја напуштив црквата. Мобилниот ми беше во џеб“, „Го променив моето веднаш по вечерата на масата“, беа некои од коментарите на TikTok.
Фото: Принтскрин/TikTok





I was honored 


