Мирисот на свежо печени солени стапчиња е еден од оние што веднаш ве враќаат во вашето детство и семејната кујна. Овие дебели стапчиња се крцкави однадвор, меки одвнатре и совршени со јогурт, сирење или како ужина за секоја пригода.
Потребно е:
300 – 400 г брашно
1/2 прашок за пециво
100 г маргарин
100 г кисела павлака
50 мл јогурт
сол
2 јајца
семки

Подготовка:
Матете го маргарин, павлаката и јајцата со миксер, додадете јогурт, брашно, прашок за пециво и малку сол, и добро измешајте сè рачно за да добиете мазно, помеко тесто.
Развлечете го на дебелина од половина сантиметар со сукало и исечете на стапчиња. Премачкајте со жолчка од јајце, наросете со семки. Печете на 200 степени Целзиусови околу 15 мин.

Фото: Принтскрин/YouTube

The post (ВИДЕО) КРЦКАВИ СОЛЕНИ СТАПЧИЊА: Стар рецепт кој секогаш успева appeared first on ekran.mk.