Овој неодолив колач носи совршена хармонија од вкус и арома што ќе го исполни вашиот дом со топлина.
Состојки:
3 јајца
50 г шеќер
100 г сечкани ореви
100 г мелени бисквити (измешани со малку ореви)
околу 70 мл масло
200 мл јогурт (или млеко)
200 г гриз
50 г суво грозје
1 прашок за пециво
2 средни јаболка (сечкани на коцки)
1 банана (сечкана на коцки)
чоколадо за прелив (по желба)
Подготовка:
Изматете 3 цели јајца со 50 г шеќер додека смесата не стане пенаста. Додадете сечкани ореви (100 г) и мелени бисквити (100 г) во изматените јајца и нежно измешајте.
Додадете околу 70 мл масло во смесата, а потоа 200 мл јогурт (или млеко) и измешајте. Одделно измешајте ги двете чаши гриз (вкупно 300 г) со еден прашок за пециво.
Додадете ја оваа сува смеса во течната смеса и полека измешајте сè. На крај, внимателно вмешајте сечкано овошје, 2 јаболка и 1 банана во смесата. Покријте го плехот со хартија за печење и истурете ја подготвената смеса. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 50 минути, додека колачот не добие златно-жолта боја.
Извадете го печениот колач и оставете го да се олади. Растопете го чоколадото на пареа и прелијте го врз млакиот колач. Оставете чоколадото да се стврдне и колачот целосно да се олади, а потоа исечете го на коцки.
Пријатно!

Фото: Принтскрин/YouTube