Ја нарекуваат и пита со сусам и мед.
Смесата од сусам и мед ќе ви даде енергија за целиот ден и ќе ве заслади за миг.
Состојки:
– 300 г мед
– 300 г сусам
Подготовка:
Лесно испржете ги семките во тава. Доведете го медот до вриење, додадете ги семките од сусам и мешајте додека не добиете компактна смеса. Обложете го калапот со хартија за печење, а потоа истурете ја смесата за да ја обликувате.
Рамномерно распоредете ја содржината во калапот, можете да ја израмните со шпатула или сукало. Кога ќе ја добиете посакуваната форма и дебелина на бомбоните, исечете ги во посакуваните форми (коцки, штангли, плочки…)

Оставете кратко време во фрижидер да се стегне.

Фото: Принтскрин/YouTube/Anastasija’s Kitchen