Добри вести ни доаѓаат од светот на манекенството. Паулина Поришкова се вери со својот партнер Џеф Гринштајн.
Дека љубовта не познава возраст и граници го потврдува и фактот дека поранешниот топ-модел од 80-тите Паулина Поришкова се вери со Џеф Гринштајн на 61-годишна возраст.
Таа ја објави веста на Инстаграм во форма на видео. Како што можете да видите, Паулина и Џеф се возеле во автомобил, а во еден момент убавицата ја кренала раката и покажа блескав веренички прстен.
View this post on Instagram
Во описот на видеото, таа кратко напишала: „Тој праша“, алудирајќи на предлогот на Гринштајн.
Инаку, љубовта помеѓу пензионираната манекенка и нејзиниот партнер трае веќе две години. Тие официјално ја потврдија својата врска во 2023 година со фотографија од Париз.
Поришкова повеќе од еднаш зборуваше со медиумите за емоционалниот слом низ кој поминала по разводот од сега починатиот Рик Окасек – фронтменот на групата „The Car“, со кого беше во брак 28 години.
View this post on Instagram
„Поминав три години сама, обидувајќи се да го надминам чувството дека не сум достојна за љубов“, напишала таа во еден пост.
Но, сега сè си дојде на свое место, и судејќи според објавите на мрежите, Паулина конечно ужива во љубовта!
Фото: Принтскрин/Instagram








