Подгответе се за совршен попладневен десерт што ќе ги разбуди сите ваши сетила!
Овој фантастичеен колач со прелив од кујната на баба ја комбинира мекоста на пандишпанот со освежителен кокос и миризлива кора од лимон, а сето тоа прелиено со сладок, ароматичен сируп. Исклучително лесен за подготовка, овој колач е идеален кога сакате нешто благо, а немате многу време. Неговата сочност и богатство на вкусови ќе го направат секој залак вистинско задоволство. Уживајте во овој прекрасен десерт што ќе ве заслади и опушти!

Потребно е:
3 јајца
50 г шеќер
250 мл јогурт
50 мл. масло
лонче од 200 мл брашно
лонче од 200 мл кокос
1 прашок за пециво
рендана кора од лимон
100 г суво грозје накиснато во вода
Прелив:
200 г шеќер
100 мл вода
ванилин шеќер

Подготовка:
Изматете ги белките со 2 лажици од шеќерот со шеќер, потоа вмешајте ги изматените жолчки, па додадете брашно со прашок за пециво, јогурт, масло, кокос и кора од лимон.
Сè добро измешајте и истурете во намастен плех. Печете на 200 степени околу 40 минути. Испечениот колач оставете малку да се излади па полијте со сирупот.
Истурете шеќер и вода во тенџере, додадете го ванилиниот шеќер и варете малку за да се раствори шеќерот.
Прелијте го топлиот сируп врз врелиот колач. Оставете да се впие наросете со шеќер во прав.
Колачот е многу добар, сочен и многу вкусен.

Фото: Принтскрин/YouTube