Младите луѓе на возраст меѓу 18 и 24 години имаат помала веројатност да се согласат на авантури за една ноќ, според новиот извештај на Lovehoney за сексуалните трендови и промените во состанувањето.
Сценариото за средба во бар, пиење неколку пијалоци и секс за една ноќ долго време е популарна „практика“. Сепак, според новиот извештај на Lovehoney, ваквите средби меѓу членовите на Генерацијата Z стануваат сè поретки бидејќи тие даваат приоритет на емоционално позначајните врски, објавува New York Post.

Елизабет Нојман, сексолог и главен истражувач во Lovehoney, рекла дека помладите генерации не се нужно поконзервативни, туку реагираат на значително променетата средина за состанување. Таа ги наведе заморот од апликациите за состанување, наглото опаѓање на интересот за ноќниот живот и долготрајната криза со трошоците за живот како клучни причини.

Извештајот покажува дека само половина од луѓето на возраст од 18 до 24 години имале сексуално искуство под дејство на алкохол, во споредба со речиси 70 проценти од испитаниците на возраст од 25 до 34 години и речиси три четвртини од оние на возраст од 35 до 44 години.

Во извештајот се додава дека без ефектите на алкохолот и без средина каде што ваквите врски се општествено прифатени, не е изненадување што интересот за авантури за една ноќ е во опаѓање. Дополнителен фактор е зголемувањето на трошоците за живот, поради што многу млади луѓе сè уште живеат со своите родители, па околностите што претходно го олеснуваа случајниот секс се многу поретки денес.

Фото: Pixabay

The post Трендови во состанувањето – Младите луѓе се помалку заинтересирани за авантури за една ноќ: Нивните емоции се на прво место appeared first on ekran.mk.