Овој кремаст мозаик колач со бисквити, какао и богат чоколаден ганаш е совршен за секоја пригода. Брзо се подготвува, а по неколку часа ладење, добивате вкусен десерт на кој е тешко да се одолее.
Состојки:
300 г бисквити (околу 1,5 пакувања)
250 мл млеко (1,5 чаши)
25 г какао во прав (2,5 лажици)
75 г путер
100 г шеќер (1/2 чаша)
За ганаш:
200 мл слатка павлака
120 г темно чоколадо
Подготовка:
Истурете млеко, шеќер и какао во тенџере. Загревајте мешајќи додека состојките не се соединат, потоа додадете го путерот и мешајте додека не се стопи. Скршете ги бисквитата на поголеми парчиња и додадете ги во подготвената смеса. Добро измешајте. Наредете еден слој бисквити во калапот, додадете ја смесата и израмнете ја површината. Ставете уште еден слој бисквити одозгора.
Ганаш
Загрејте ја слатката павлака скоро до вриење, тргнете од оган и додадете го исечканото чоколадо. Мешајте додека целосно не се раствори. Оставете малку да се олади, а потоа прелијте ја тортата. Оставете во фрижидер 3-4 часа. Исечете на коцки и уживајте!
Пријатно!
Фото: Принтскрин/novosti
The post (Рецепт) МОЗАИК КОЛАЧ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: Зачувајте го рецептот и пробајте го уште денес! appeared first on ekran.mk.








