Се вели дека колачот има австралиско потекло, но сигурно е дека се проширил и се одомаќил низ целиот бел свет. Во случај да сте го заборавиле или сè уште не сте го направиле, еве еден супер рецепт.

Состојки:
За бисквитот:
3 јајца
10 лажици шеќер
13 лажици масло
100 мл млеко
16 лажици брашно
1 кесичка прашок за пециво
2 кесички ванилин шеќер

За глазура и натопување:
200 мо млеко
200 г чоколадо за готвење
200 г путер
150 г шеќер
200 г кокосово брашно
Подготовка: Бисквит: изматете ги јајцата со шеќер и ванила, додадете млеко и масло, мешајќи постојано. Полека додадете брашно измешано со прашок за пециво. Намастете тава со средна големина и наросете ја со малку брашно, потоа истурете ја смесата и печете околу 15 минути во рерна загреана на 180 степени.
Кога бисквитот ќе се олади, исечете го на помали коцки со еднаква големина.
За глазурата, сварете го млекото со шеќерот и кога ќе зоврие, додадете ги путерот и чоколадото, мешајќи постојано, додека повторно не зоврие. Тргнете од оган и потопете ги коцките бисквит во млаката глазура. Секоја коцка веднаш валкајте ја во кокосово брашно.

Фото: Принтскрин/recepti