НАЈДОБРО е да го направите ден пред сервирање.
Ќе го обожавате откако ќе го пробате.
Состојки:
* 5 јајца
* 5 лажици шеќер
* 1 кесичка ванилин шеќер
* 500 мл слатка павлака
* 50 г мелени бисквити (пти бер, плазма…)

Подготовка:
1. Изматете ја слатката павлака во цврст шлаг. Одделете ги жолчките од белките, а потоа матете ги белките додека не се формираат цврсти врвови. Додадвајте го шеќерот една по една лажица, ванилин шеќер и жолчките една по една. Добро изматете.

2. Издробете го бисквитот (не го дробете целосно бидејќи парчињата бисквити се најинтересното нешто во овој сладолед) и додадете ги во смесата. Потоа, мешајќи со лажица, измешајте ја добиената маса со павлака во компактна маса.

3. Добиениот сладолед истурете го во пластичен сад и ставете го во замрзнувач најмалку 12 часа пред сервирање.

Фото: Принтскрин/Youtube/Recepti