За првпат од осамостојувањето Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027–2029 година добивајќи поддршка од дури 174 земји членки на гласањето во Њујорк.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека изборот претставува признание за вложените напори во надворешната политика и за довербата што Македонија ја гради со своите меѓународни партнери.

Според Министерството за надворешни работи, членството во советот ќе овозможи поголемо учество на земјата во глобалните дебати за економски и социјален развој, човекови права и одржлив развој, како и дополнително зајакнување на нејзиниот меѓународен кредибилитет.