Поранешната девојка на Бонд, 47-годишната Катерина Мурино, за француското списание „Гала“ изјавила дека очекува бебе по неколку неуспешни обиди за ин витро оплодување.
„На мои години, морав да побарам од медицината да ѝ помогне на природата. Не е во наша моќ секогаш да одлучуваме кога е вистинското време да станеме мајка“, рекла Мурино, која глумеше во филмот за Бонд од 2006 година „Казино Ројал“ покрај Даниел Крег.
Актерката за списанието открила дека очекува момче со својот партнер и француски адвокат Едуар Риго, со кого е осум години, и дека треба да се породи на крајот од летото, кратко пред да наполни 48 години во септември.
View this post on Instagram
Мурино го запознала Рига во 2019 година, а тие живеат заедно во парискиот кварт Монмартр, според пишувањето на „Гала“. Таа исто така рекла дека Риго ѝ бил голема поддршка за време на тешкиот пат до бременоста, откако претходно имала два спонтани абортуси и поминала низ исцрпувачкиот процес на ин витро оплодување.
И’ покрај тешкиот пат до мајчинството, Мурино рекла дека е благодарна што конечно започнува ново поглавје како родител и истакнала дека досега имала прилично лесна бременост.
View this post on Instagram
„Немав никакви проблеми, немав дијабетес, немав несоница“, рекла Мурино, која зборувала и за својата бременост во интервју за италијанскиот портал „Costa Smeralda“ на 2 јули.
Фото: Принтскрин/Instagram








