Акните претставуваат проблем кој влијае на здравјето, на самодовербата, и кој сериозно оптеретува голем број на млади луѓе. Токму затоа тие се во потрага по ефикасно решение кое дава резултат на долг рок. Не случајно бараат помош и од дерматолозите, кои најчесто советуваат дека ако сакаме да го надминеме проблемот со акните, црвенилото и дамките треба да ги идентификуваме четирите клучни причини, и да се одбере медицински производ кој ги решава причините за појава на акни, спречува појава на нови, но и помага при надминување на дамките остатоци од акните.
Дерматолозите истакнуваат дека најчеста причина за појава на акни е прекумерното производство на себум поради хормонални или генетски фактори, што води кон блокирање на порите и појава на бели и црни точки. Тоа потоа предизвикува раст на бактериите, воспаление, појава на папули и пустули (воспалени акни), да предизвика и видливи дамки по повлекување на акната.
Експертската јавност вели дека комбинираната, масна и проблематична кожа бара посебна грижа, а изборот на квалитетна медицинска козметика е клучен за одржување на квалитетот, свежината и здравиот изглед на кожата. Нивна препорака е колекцијата Eucerin DERMOPURE CLINICAL, која сега е во нов посмел дизајн, кој што уште посилно ги отсликува уникатните состојки и ефикасната формула.
Содржи моќни и ефикасни состојки како што е Ликохалкон А и технологија за регулирање на вишокот себум. Потоа Салицилната киселина која пенетрира во порите, ги отвара и го намалува растот и размножувањето на бактериите што предизвикуваат акни, а со тоа ја спречува нивната појава во иднина.
Ликохалконот А е антиинфламаторна состојка, која го намалува црвенилото и ја смирува иритацијата на кожата, а со регулирање на себумот се контролира и вишокот на производство на маснотии во кожата што е причина за појава на акни, овозможувајќи кожата да се обнови и да добие чист и рамномерен тен.
Дел од производите го содржат и патентираниот Thiamidol кој ја намалува хиперпигментацијата и спречува појава на дамки. (THIAMIDOL ја инхибира ТИРОЗИНАЗАТА, што е најбезопасниот и најефикасен начин за намалување на хиперпигментацијата).
Препорачана дневна рутина:
- Секојдневно нежно чистење на лицето, со користење на Eucerin DERMOPURE CLINICAL гел-крем кој ги таргетира нечистотиите, ги намалува трагите од мозолчиња и го контролира сјајот.
- Потоа употреба на Eucerin DERMOPURE CLINICAL корективен крем-флуид со тројно дејство (создаден да одговори на трите клучни предизвици со коишто се соочува проблематичната кожа) Тој целосно ја контролира појавата на несаканиот сјај, овозможува долготраен мат-ефект без да ги затвора порите, а истовремено превенира појава на нови акни и постинфламаторни хиперпигментации).
- И при изложување на сонце, да се користи Sun Oil Control гел-кремот со SPF 50+.
Убавиот и здрав изглед на кожата е резултат на воспоставена и континуирана нега на кожата на лицето.








