Еден дел од телото што мажите го обожаваат кај жените, а многу жени се срамат и го кријат, е стомакот. Многумина го истакнуваат како најатрактивен детаљ.
Спротивно на популарното женско мислење, еден дел од телото што жените често го кријат поради несигурност е токму она што мажите навистина го сакаат.
Неодамна, позната странска веб-страница за фитнес спроведе анкета за атрактивните физички карактеристики на двата пола. Резултатите доведоа до интересен заклучок.
Еден дел од телото за кој жените често се чувствуваат несигурно и го кријат, мажите го наведуваат како пожелна женска физичка карактеристика.

Тоа е стомачето
Дури и мажите кои сакаат мускулести и атлетски жени изјавиле дека стомакот е секси и претпочитаат да го видат на жена отколку издлабени стомачни мускули.
Кога станува збор за лицето, 87 проценти од мажите рекле дека очите се првото нешто што го забележуваат. Усните се на второ место. Повеќето од машките испитаници потврдиле дека го претпочитаат просечното женско тело. Атлетското женско тело е приоритет само за три проценти од анкетираните мажи.
Друга веб-страница за фитнес анкетирала 2.000 испитаници. 48 проценти од мажите рекле дека им се допаѓаат жени со пополни нозе. 22 проценти од мажите обожаваат жени со просечно тело, а останатите мажи нагласиле витка и мускулеста фигура.

А каков вид машко тело е најпривлечно за жените?
Иако не кријат дека сакаат да гледаат извајани тела, во повеќето студии жените потврдиле дека просечното тело е најпривлечно за нив.
Не им пречи малку поголем процент на телесни масти и многу жени го претпочитаат овој тип на тело пред јасно дефинираните мускули. Повеќето претпочитаат мажи со поголеми гради и широки рамена и признаваат дека секогаш прво го забележуваат овој дел од телото кај мажот.

Фото: Pixabay

The post Еден дел од телото од кој жените најмногу се срамат и го кријат, мажите најмногу го обожаваат appeared first on ekran.mk.