Изложбата претставува уникатен културен настан со значење на редок временски артефакт, кој ги обединува ликовната и поетската уметност во нова, трета форма – интермедијален и интертекстуален уметнички јазик. Таа создава креативен дијалог меѓу сликата и зборот, претставувајќи ја оваа симбиоза пред македонската културна, ликовна и книжевна јавност.

Таа претставува синтеза на ликовната уметност – конкретно сликарството – и поезијата, две уметности кои длабоко комуницираат на емотивно ниво. Станува збор за ексклузивна јавна презентација на оригинални сликарски дела инспирирани од внимателно одбрани поетски текстови на истакнати македонски автори и поети.

Проектот е инициран од Асоцијацијата за култура ИКОН, со поетски избор на академик Катица Ќулавкова и избор на уметници од Климе Коробар.

ИЗБОР НА ПОЕТИ И СЛИКАРИ
Блаже Конески – Рубенс Корубин
Ацо Шопов – Илија Пенушлиски
Славко Јаневски – Васко Ташковски
Матеја Матевски – Зоран Јакимовски
Адем Гајтани – Мели Зенку
Анте Поповски – Костадин Танчев -Динка
Илхами Емин – Газанфер Бајрам
Петре М. Андреевски – Глигор Чемерски
Гане Тодоровски – Павле Кузманоски
Мурат Исаку – Решат Амети
Влада Урошевиќ – Симон Шемов
Богомил Ѓузел – Петар Хаџибошков
Радован Павловски – Димитар Малиданов
Јован Котевски – Ванчо Ѓорѓиевски
Светлана Христова -Јоциќ – Веле Ташевски
Михаил Ренџов – Владо Георгиевски
Ресул Шабани – Невзат Бејтули -Кица
Јован Павловски – Иван Велков
Луан Старова – Фехим Хусковиќ
Петар Т. Бошковски – Мирко Вуисиќ.

Изложбата почнува на 7ми во 20:00ч и трае до 17ти мај