Песочниот колач е десерт кој воодушевува со богатството на вкусови и едноставноста на подготовката. Чоколадна кора, ванила крем и крцкави биквити се чини дека е неодолива комбинација за сите љубители на слаткото…
Во овој рецепт за колач, чекор по чекор ќе научите како да подготвите совршен спој на состојките. Без оглед дали сте почетник или искусен готвач…
Кора:
4 јајца
4 супени лажици шеќер
3 лажици брашно
2 лажици какао
1 прашок за пециво
За прелив:
250 мл млеко
1 лажичка нес кафе
View this post on Instagram
Фил:
700 мл млеко
6 супени лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1 пудинг со вкус на ванила
2 лажици нишесте
1 лажица какао
100 гр чоколадо
125 гр путер
За посипување:
100 гр чоколадни бисквити
Подготовка:
Белките се матат со шеќер, па се додаваат жолчките. Измешајте брашно со прашок за пециво и какао и измешајте со изматените јајца. Печете ја кората во плех со димензии 22х30 см на 200 степени околу 20 минути. Користете чепкалка за да проверите дали е испечено.
Кафето промешајте го во млекото и прелијте ја изладената кора.
Во малку млеко измешајте ги пудингот, нишестето и какаото и варете ги во преостанатото засладено млеко. Тргнете го од оган и вмешајте го искршеното чоколадо.
Кога ќе се олади, соединете го со изматениот путер и нанесете го преку кората.
Сомелете го бисквитот, посипете го филот и оставете да се излади, по можност преку ноќ.
Инспирацијата за овој колач авторката, Марија Белиќ, ја добила од некои турски профили и ја направила на нејзин начин. Пробајте го, нам многу ни се допадна.
Фото: Принтскрин/Instagram