Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека повело постапка против четири лица кои извршиле вкупно четири, а се обиделе да направат и уште една тешка кражба од објект на Јавното претпријатие Македонски Железници Инфраструктура – Скопје што се наоѓа на булеварот „Србија“.
Од почетокот на април, во четири наврати, тие со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од над 1,2 милиони денари.
Пред два дена, двајца од нив дошле пред објектот, ја обиле металната капија и се обиделе да одземат парчиња лим, но биле забележани и задржани на лице место од вработените во објектот.
Обвинителството побарало мерка притвор за сите четворица осомничени.