На Босанецот му се одземало целото тело, го преплавила пот и го фатила паника, но успеал да ја породи сопругата во автомобилот на паркингот.
По свадбата, Харис Јабија се преселил во Шведска, каде што одраснала неговата сопруга. Извесен период живееле и во Норвешка, но минатата година решиле да се вратат во Босна и Херцеговина со своите деца. Во интервју за YouTube каналот RahatLand, Харис ги открил необичните ситуации со кои се сретнал во животот. Една од нив го бележи најубавиот момент – кога успеал да ја породи сопругата на паркинг во Шведска.
„Вечерта, пред да легнеме, ми рече: ‘Чувствувам нешто чудно, мислам дека може да почне’. Мислев дека тоа треба да се случи наутро, за да не биде сред ноќ. Околу 3 часот таа ноќ ме разбуди, и ми рече: ‘О, Боже, почна. Боли на секои 7 минути’. Се јавивме на нејзината мајка која живееше на некои 70 км од нас. Таа веднаш тргна кон нас. Постариот син се разбуди, а жена ми е во сите тие болки го нишаше синот да заспие. Бев во најголема паника.
Нејзината мајка дојде кај нас, го зеде постариот син, тргнавме по скалите. Во тој момент жена ми ми вели да ја донесам колата. Подготвив се, чекам. Гледам во ретровизор, жена ми трча кон автомобилот. Прашувам што се случило, таа ми вели:’Еве го, иде’. ‘Кој иде?’, вели: ‘Детето е на пат’. Велам:’Држи го, за пет минути ќе бидеме во болница’. Таа вели: ‘Господе, како да го држам, не можам’. Таа ме турна и легна на задното седиште“, рекол Харис.
Пот, паника и плачење на новиот член на семејството
Харис до последен момент мислел дека нема да може да ја породи својата сопруга. Благодарение на неа, тие успеале.
аа рекла: ‘Ќе ви кажам сè, само помогнете ми’. Јас и мајка и бевме во паника. Таа и вели на мајка и ‘Држи ми ја главата, држи ми ја главата’ за да таа може да се напрегне. Тоа го научила од претходното породување. Таа во сето тоа е најприбрана.
Таа вели: ‘Детето излегува’ и одеднаш нешто ме отсекува. За две минути – го држам детето. Таа вели: ‘О, тоа не плаче’. Го фатив детето за нозете, детето почнува да плаче и толку. Тоа беше неверојатно. По неколку минути дојде брза помош. Мојата сопруга излегува од автомобилот, го носи бебето во итната медицинска помош. Болничарот ми рече да возам по него“, рекол Харис.
Дури тогаш успеал да здивне
„Кога брзата помош тргна, тоа беше крај за мене. Целиот се одземав. Не можев да го запалам автомобилот. Ме прашуваат дали сум добро, викам дека не сум. Ми дадоа нешто. Буквално не можев да се движам. Во собата подготвиле свеќи, рози, два сока, сендвичи за нас кога пристигнавме. Имавме дочек како да дојдовме во хотел. Висок е 52 см, тежок 4.600. Сè беше во ред“, раскажал Харис Јабија.
Фото: Принтскрин/YouTube/RahatLand