Комбинацијата од пилешко, свеж зеленчук и ароматично песто му дава на ова јадење посебен вкус, а подготовката е едноставна и не одзема многу време. Идеално е за ручек, лесна вечера или оброк што можете да го понесете со себе.
Состојки:
макарони
2 лажици јогурт
2 лажици песто
пилешко исечено на парчиња, маринирано со зачини по желба
спанаќ
шери домати
црвен кромид
Подготовка:
Сварете ги макароните во солена вода според упатствата на пакувањето. Кога ќе бидат готови, процедете ги и оставете ги да се изладат. Исечете го пилешкото на помали парчиња, зачинете по желба и пржете во тава додека не поруменат. Во голем сад, измешајте го јогуртот и пестото за да направите кремаст дресинг. Додадете ги изладените макарони, печеното пилешко, свежиот спанаќ, преполовените шери домати и ситно исечканиот црвен кромид. Измешајте сè нежно за да се соединат добро состојките. Можете да ја послужите салатата веднаш или да ја изладите накратко во фрижидер за да бидат уште поизразени вкусовите.
Брзо, едноставно и многу вкусно јадење за секој ден.
Уживајте!
Фото: Принтскрин/recepti
The post (Рецепт) САЛАТА СО ПАСТА И ПИЛЕШКО: Брз и вкусен ручек appeared first on ekran.mk.








