Кога ќе пристигнат топлите денови и тиквичките се во полн сјај, вистинско време е за лесно, миризливо јадење кое лесно се подготвува, а уште полесно исчезнува од трпезата. Кишот од тиквички е совршен избор – крцкава основа и сочен, кремаст фил кој се топи во устата.
Состојки:
За тестото:

200 грама брашно
100 г путер
1 јајце
прстофат сол
За филот:
2 тиквички (кратко пропржени)
3 јајца
150 мл павлака (или замена: јогурт или растителна павлака)
100 г сирење
сол, бибер
Подготовка:
Измешајте брашно, путер, јајце и сол. Формирајте го тестото, завиткајте го и оставете го во фрижидер околу 20 минути. Потоа расукајте го, ставете го во калап и печете го 10 минути на 180°C. Пржете ги тиквичките кратко додека не омекнат. Изматете ги јајцата во сад, додадете ја павлаката, сирењето и зачините, а потоа измешајте ги тиквичките. Истурете го филот врз полупечената основа и вратете во рерна. Печете уште 30-35 минути, додека не поруменат.

Уживајте!

Фото: Принтскрин/recepti

The post (Рецепт) КИШ СО ТИКВИЧКИ: Летен класик од рерна кој освојува со првиот залак appeared first on ekran.mk.